Барса се откажува од Дембеле: Валверде го сака Ди Марија на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона има многу слободни пари по продажбата на Нејмар, кој замина во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, но има и многу проблеми да ги доведе засилувањата што ги посакува. Борусија Дортмунд очигледно не сака да го продаде Осман Дембеле ова лето, па побара нереална отштета од 150 милиони евра за младиот Французин да се пресели на „Камп Ноу“.

Тоа најверојатно ќе ја откаже Барселона од намерата да го купи Дембеле, а тренерот Ернесто Валверде ќе се насочи кон „планот Б“. А тоа значи на „Камп Ноу“ да пристигне Анхел Ди Марија, аргентинскиот интернационалец од ПСЖ. Тој во минатото беше член на Реал Мадрид, и кога си замина од „Сантијаго Бернабеу“ имаше анти-барса клаузула, се до ова лето. Сега може да пристигне во Барселона и да му се придружи на својот сонародник Лионел Меси, кој преферира токму Ди Марија да биде новото засилување за каталонскиот тим.

Се вчитува...