Барса со „седумка“ против Осасуна

На крилјата на триумфот во „Ел Класико“, фудбалерите на Барселона вечерва имаа лесна задача на „Камп Ноу“ и ја завршија на најдобар можен начин, со триумф од 7-1. Со тоа каталонскиот тим сега има три бода предност пред Реал Мадрид, кој во моментов има два меча помалку, а вечерва гостува на „Риазор“ против Депортиво Ла Коруња.

Лионел Меси ја отвори серијата голови, а Андре Гомеш зголеми на 2-0 во 30.минута. Осасуна преку Роберто Торес намали на почетокот на вториот дел, но потоа почна канонадата кон нивниот гол. Андре Гомеш го постигна третиот гол, потоа повторно стрелаше Меси, а серијата продолжи и со Пако Алкасер, кој беше двоен стрелец, како и Хавиер Маскерано, кој погоди од белата точка. Тоа е прв гол воопшто за Аргентинецот за седумте години на „Камп Ноу“.

Се вчитува...