Барса убедлива против Еспањол

Барселона го доби каталонското дерби против Епањол на гости со 0-3, и продолжува неизвесната трка за шампионската титула во Шпанија. И Барселона и Реал Мадрид имаат по 81 бод, но „кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку и до крајот ќе се води мртва трка за пехарот.

Еспањол одолеваше едно полувреме, а потоа Луис Суарез искористи една катастрофална грешка на домашната одбрана и ја доведе Барселона во водство во 50.минута. Иван Ракитиќ го постигна вториот погодок за гостите во 76.минута, а на крајот Суарез искористи уште една грешка на одбраната, поставувајќи ги конечните 0-3.

All Goals & Highlights HD – Espanyol 0-3… by Video-Sport

Се вчитува...