Барса во второто полувреме го скрши отпорот на Валенсија

По поразот во претходното коло на гостувањето во Ла Коруња, Барселона повторно се врати на победите славејќи во 28. коло на домашен терен против Валенсија со 4-2.

Каталонците го скршија отпорот на Валенсија во второто полувреме, откако првиот дел заврши 2-2. Најпрво Мангала во 29. минута ги донесе гостите во водство, а израмни Суарез во 35. минута. Меси стрелаше во 45. минута од пенал за водство на Барса, но веќе во следната минута Ел Хадади израмни за израмнето полувреме.

Победата на Барселона во вториот дел ја најави Меси во 52. минута а на 4-2 ја заокружи Гомес во 89. минута.

All Goals & Highlights HD – Barcelona 4-2… by FranceCup3

Со најновите три бода Барселона има 63 бода, два помалку од водечкиот Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...