Барселона замената за Андерсон ја најде во Данска

Барселона ја финишира потрагата по наследник на Ласе Андерсон официјализирајќи го доаѓањето на Антонио Гарсија како нов член на каталонскиот гигант. Станува збор за искусен бек кој без поголеми проблеми би се адаптирал во таборот на Барса и би претставувал „План Б“ на позицијата среден бек каде прва опција останува Раул Ентрериос.

Гарсија, кој претходно го носеше дресот на ПСЖ и на Пик Сегед, сезонава настапува за Колдинг, но во данскиот клуб не се презадоволни од настапите на шпанскиот интернационалец. Токму затоа и челниците на Колдинг зелено светло за Гарсија да преговара со Барса, разговори кои се случиле во текот на викендот , за денеска и официјално да бидат договорени сите детали од соработката.

Гарсија нема да може да настапува за Барса во Лигата на шампионите, бидејќи сезонава со тимот на Колдинг играше во рамките од ЕХФ Купот.

Само за потсетување, Ласе Андерсон на мечот од последното коло од ЛШ против Висла заработи тешка повреда на коленото поради која данскиот ас ќе мора да отсуствува најмалку шест месеци од ракометните терени.

Се вчитува...