Барселона го донесе новиот Меси (видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Барселона го донесе новиот Меси (видео)

Серхио Араујо,
20-годишниот аргентински фудбалер од Бока Јуниорс, е ново засилување за
Барселона. Двата клуба се договорија за двегодишна позајмица на овој играч, за кого каталонците се надеваат дека би можел да тргне по стапките на својот далеку попознат сонародник Лео Меси. 

 

На почетокот на
својата европска авантура Араујо би требало да заигра за Барселона Б, екипата
која настапува во Втората шпанска лига, но секако со можност за преселба во
првиот тим. Барселона по шест месеци ќе има отворени врати и да го откупи
неговиот договор и трајно го врзе за себе.

 

Араујо ги минал поголемиот
дел млади репрезентативни селекции на Аргентина, а иако го споредуваат со
Лионел Меси вкупно во дресот на Бока како напаѓач одиграл 15 првенствени
натпревари, и постигнал само два гола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.