Барселона го призна поразот: Кутињо останува во Ливерпул!

Трансфер сагата со преминувањето на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона се чини го доби својот конечен епилог.

Барселона пред неколку денови објави дека ќе испрати уште една понуда за бразилскиот фудбалер во вредност од 118 милиони фунти, па ако „црвените“ одбијат ќе се откажат од обидите да го доведат во своите редови. Каталонците испратија понуда, а од „Енфилд“ експресно беше одбиена.

25-годишниот фудбалер и самиот во неколку наврати разговараше со челниците на Ливерпул признавајќи им дека сака да замине, но очигледно ништо не можел да промени. Сега англиските медиуми пренесуваат дека Барселона со последната понуда конечно призна дека нема да може да го доведе Кутињо на „Камп Ноу“, барем не ова лето.

Барселона доби 222 милиони евра од продажбата на Нејмар, па навивачите на клубот сигурно очекуваа големи засилувања за тие пари. Но, се уште не добија ништо… Сега се очекува доведувањето на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, трансфер кој треба да се официјализира наредниве денови. Иако, со челниците на Барса никогаш ништо не се знае.

Се вчитува...