Барселона го сака Леонардо Жардим за нов тренер

Луис Енрике дефинитивно го напушта „Камп Ноу“ по очајната сезона за Барселона, во која каталонскиот гигант би можел да остане без значаен трофеј, со оглед дека доживеа елиминација во Лигата на шампионите, а заостанува и во трката за титулата во Примера во однос на Реал Мадрид. Раководството на клубот е во интензивна потрага по нов кормилар за следната сезона, а најново име на листата на желби е Леонардо Жардим, тренерот на Монако, кој бележи фантастични резултати сезонава со овој тим.

Иако во прв план досега беа Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, Масимилијано Алегри, стратегот кој ја елиминираше Барса од ЛШ со Јувентус, како и Хуан Карлос Унсуе, првиот асистент на Луис Енрике, сега прв „пик“ е Леонардо Жардим, посебно откако обезбеди полуфиналето во Лигата на шампините со „кнезовите“ од Монако.

Заедно со Леонардо Жардим, Барселона е расположена од Монако да ги ангажира и играчот за врска Фабињо и крилниот играч Лемар.

Се вчитува...