Барселона и Кил се наддаваат за Палмарсон, Веспрем не го пушта

Плејмејкер во тимот на Веспрем, Арон Палмарсон, има понуда за трансфер во Барселона за која се уште размислува. Исландскиот репрезентативец најави дека не се чувствува „удобно“ во Веспрем и ќе го напушти унгарскиот првак по истокот на договорот во 2018 година, а можеда заине и порано доколку клубовите постигнат договор.

Освен понудата од Барселона, за Палмарсон е заинтересиран и Кил кој сака да го врати Исланѓанецот во своите редови. Палмарсон во 2015 година од Кил дојде во Веспрем.  Но, сега во Кил сакаат да го вратат исландскиот бек во своите редови за што наводно се подготвени да платат обесштетување од 3 милиони евра, но од Веспрем не се заинтересирани за таа опција. Доколку сепак се реализира, тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на ракометот.

Палмарсон со Веспрем славеше против Барселона во мечот за третото место на годинашниот Фајналфор од Лигата на шампионите во Келн. Исланѓанецот уште во Келн најави дека планира промена на средината, но дека конечната одлука ќе ја донесе за време на одморот по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...