Барселона има и „план Б“, да ги доведе Ди Марија и Сери доколку не може Кутињо и Дембеле

Шпанското првенство започнува, а Барселона ниту од далеку го нема комплетнирано својот тим за претстојната сезона. По заминувањето на Нејмар во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, сега тимот од „Камп Ноу“ има свежи пари за трошење, но го доведе само Паулињо. Преговорите за ангажман на Фелипе Кутињо и Осман Дембеле очигледно одат побавно од очекувањата, затоа што Ливерпул и Борусија Дортмунд не сакаат така лесно да се откажат од нивните услуги. Тоа ја компликува работата за раководството на Барселона, а денови за реализација остануваат се помалку.

Но, Барса има подготвено и „план Б“. Доколку не успее да најде заеднички јазик за Кутињо и за Дембеле, тогаш ќе тргне по Анхел Ди Марија од ПСЖ и Жан Мишел Сери од Ница. Едниот би бил одлично засилување на крилните позиции, а вториот е по препорака на Чави, кој вели дека Сери е фудбалер кој би можел да ја игра позицијата што тој во минатото ја „везеше“ во дресот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...