Барселона ја напушта Примера: Бартомеу соопшти што би донела независноста на Каталонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Барселона ја напушта Примера: Бартомеу соопшти што би донела независноста на Каталонија

Барселона ја напушта Примера: Бартомеу соопшти што би донела независноста на Каталонија

Претседателот на Барселона, Жозе Бартомеѕ соопшти што ќе направи клубот, кој 24 пати бил шампион на Шпанија и 29 пати го освоил Купот на оваа земја, доколку се спроведе одлуката на каталонскиот народ за отцепување од Шпанија.

Повеќе од 90% Каталонци кои гласаа на референдумот се за независност. Поточно, од 2.262.424 референдумски листови кои шпанската влада не успеа да ги заплени, 2.020.144 биле за независност.

Каталонските власти тврдат дека вака изразената волја на народото е обврзувачка за отцепување и прогласување на независна и суверена Каталонија. Шпанија, пак, не го признава референдумот и резултатите и најавува дека наскоро ќе ја укине широката автономија за Каталонија која ја има.

Сето ова секако го следи и раководството на Барселона. Бартомеу по состанокот на управата изјави:

„Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играме“.

Barcelona-President-Josep-Maria-Bartomeu-attends-a-news-conference-announcing-Ernesto-Valverde-as-ne

Англиските и француските медиуми пишуваат дека Барселона веќе ја разгледува опцијата да игра во Премиер лигата во Англија или во Лига 1 во Франција.

„Минуваме низ тежок, комплициран период. Во зависност од тоа што ќе се случи во општеството, и ние ќе одлучиме мудро и смирено“ – вели Бартомеу.

Каталонскиот министер за спорт, Фигуерас истакна дека Барселона, но и сите други каталонски клубови, ќе може да играат во првенствата на другите земји ако Каталонија прогласи независност.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.