Барселона на лето го враќа Тијаго Алкантара? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/02/2017 0:05
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54

Барселона на лето го враќа Тијаго Алкантара?

Барселона на лето го враќа Тијаго Алкантара?

Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара израсна во врвен играч од средниот ред во германскиот првак Баерн Минхен, па неговиот матичен клуб Барселона би сакала да го врати во своите редови. Тој си замина од „Камп Ноу“ во 2013 година и му се придружи на Пеп Гвардиола, кој тогаш го презеде тимот на Баерн Минхен.

Според медиумите во Германија, Барселона е подготвена да плати 40 милиони евра за да го врати Тијаго Алкантара во својот табор. Би бил тоа логичен избор за одличниот креатор на играта на баварскиот тим, со оглед дека и неговиот брат Рафиња е на „Камп Ноу“. Но, сигурно дека и Баерн Минхен нема така лесно да се откаже од овој одличен фудбалер, кој има само 25 години, а веќе е меѓу водечките во светот на својата позиција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.