Барселона славеше рутинска победа, Борко одмoраше

Барселона продолжи во победнички ритам во натпреварите од АСОБАЛ лигата. Во натпреварот од 8.коло, каталонците рутински славеа гостинска победа против Моразо Кангас со 21-31.

За избраниците на Чави Пасквал и овој натпревар беше полесен тренинг и триумф без посериозен напор. Во првото полувреме домаќините постигнаа само пет гола, а Барса веќе имаше двоцифрена предност (5-16) и практично, веќе обезбедена победа.

Валеро Ривера со девет гола го предводеше нападот на Барселона. Борко Ристовски на овој натпревар остана на клупата, а Гонзало Перес де Варгас го заврши мечот со 13 одбрани.

На 4 ноември, Барселона ги продолжува настапите во Лигата на шампионите со дуелот против ППД Загреб на домашен терен.

Се вчитува...