Барселона со посвета за Лазаров: „Благодарам многу, Кирил“

Македонскиот ас Кире Лазаров и Данецот Јеспер Нодесбо го одиграа последниот меч во дресот на Барселона. Каталонскиот тим заврши уште една сезона со максимален број победи, вкупно 30, а фановите во „Блауграна“ ги поздравија асовите на кои многупати им се восхитуваа во изминатите неколку години.

lazarov isprakjanje 2

Посебна посвета Кире Лазаров доби од клубот. Слика со спомени во дресот на Барселона, но и посвета напишана на македонски јазик: „Благодарам многу, Кирил“.

Без сомнение, Барселона уште еднаш покажа зошто е ’повеќе од клуб’…

Се вчитува...