Барселона со втор обид за потписот на Дембеле

Експлозивното крило на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, е повторно на радарот на каталонскиот клуб, откако „милионерите“ практично и го украдоа пред нос на Барселона во минатиот летен преоден рок. Шпанскиот гигант одново ќе купува офанзивен играч кој ќе може да го разниша триото „МСН“, а и Пако Алкасер се покажа како тотално промашување.

Дембеле доби шанса во првиот тим на Тухел од неговата преселба од Рен и импресионираше уште на стартот на сезоната. Сега веќе стандарден на крилните позиции, Дембеле на 36 настапи во сите натпреварувања постигна 7 гола и забележа 16 асистенции, од кои десет се во Бундес-лигата.

Германскиот клуб за 19-годишниот Французин плати 15 милиони евра, а оттогаш неговата вредност порасна на 28 милиони. Сепак, доколку Барселона го сака во своите редови, ќе треба да плати и многу повеќе.

Се вчитува...