Барселона три седмици без Арда Туран

Играчот за врска на Барселона, Арда Туран, нема да може да им помогне на своите клупски соиграчи во следните три седмици. Тој се врати повреден од пријателскиот меч меѓу Турција и Финска, а лекарскиот тим на Барселона констатираше дека се работи за повреда на препоните. Потврдено е дека ќе мора да одмори во наредните три седмици.

Арда Туран се очекува да ги пропушти дуелите на Барселона против Гранада, Севилја и против Малага во Примера, како и четвртфиналниот двомеч против Јувентус во Лигата на шампионите.

Се вчитува...