Бартра бара помош за да ја најде најхрабрата навивачка во светот

Рурското дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд заврши без победник, а најдобрата фотографија не беше од некој од дуелите на теренот, туку од трибините – покажувајќи една храбра навивачка во дрес на Борусија Дортмунд меѓу бројни фанови на Шалке.Ако се земе во предвид омразата што владее меѓу двата клуба јасно е зошто оваа навивачка е новата хероина меѓу приврзаниците на „милионерите“, па дури и меѓу фудбалерите на тимот од Дортмунд. Така, дефанзивецот Марк Бартра преку својот твитер-профил побара помош за да ја пронајде оваа жена и да и го подари својот дрес.„Сакам да ја запознаам оваа жена. Ќе ми помогнете ли да ја најдам? Сакам да и го подарам мојот дрес. Помогнете ми“ -напиша Бартра постирајќи ја сликата од храбрата навивачка.  bartra tvit.jpg  Потрагата се покажа успешна, експресно се дозна дека името на жената е Стефи, која на трибините била со својот сопруг. Шпанецот веќе стапил во контакт со неа, најавувајќи дека во најскоро време ќе го исполни ветувањето, подарувајќи и го својот дрес.

Се вчитува...