Басконија го победи Фенербахче во Истанбул

Фенербахче го доживеа деветтиот пораз во Евролигата оваа сезона, откако на домашен терен загуби од Басконија со 74-79. Кобна за Перо Антиќ и соиграчите беше втората четвртина што турскиот тим ја загуби убедливо (17-24). Во останатите три периоди, се играше неизвесно и израмнето.

На полувреме Басконија имаше водство од осум поени (35-43), а Фенербахче не успеа целосно да се врати во игра на овој меч, иако во последниот период се доближи на еден поен негатива (70-71). Сепак, кошаркарите на Басконија во завршницата без поснаодливи и стигнаа до триумф.

Шејн Ларкин со 19 поени беше предводник на победничкиот тим,  додека Богдан Богдановиќ со 26 поени беше најефикасен на мечот. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на овој натпревар беше стрелец на седум поени.

Се вчитува...