Басконија раскина со Андреа Барњани

Неполни 24 часа по елиминацијата од Евролигата, раководството на Басконија објави дека ја прекинува соработката со Андреа Барњани. Италијанскиот репрезентативец, кој беше прв пик на НБА драфтот во 2006 година, беше најавен како големо засилување, но и покрај добрите настапи на стартот на сезоната потоа имаше серија на повреди кои целосно го исфрли од ритам.

Иако имаше уште една година од актуелниот договор, Барњани прифати спогодбено да ја прекине соработката со шпанскиот прволигаш. Тој одигра само 14 средби за Басконија во Ендеса лигата, имајќи просек од 8,8 поени и 1,8 скокови по натпревар. Италијанецот настапи и на 15 средби во Евролигата, каде во просек постигнуваше по 11,5 поени за 20 минути игра.

Барњани поради повреда воопшто не беше дел од тимот на Басконија во завршницата од сезоната во Евролигата, како и во четвртфиналната серија против ЦСКА Москва што шпанскиот клуб ја загуби со 0-3.

Се вчитува...