Баварската машина го прегази Арсенал (ВИДЕО)

Баерн Минхен оствари убедлив триумф (5-1) над Арсенал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите што се одигра на „Алијанц арена“. Тимот на Арсен Венгер со оглед на високиот пораз, најверојатно и овојпат ќе ги заврши настапите во ЛШ на првиот чекор од нокаут фазата, иако следува и реванш во Лондон.

Арјен Робен во 11.минута постигна убавец за отворање на резултатот, а по половина час игра Левандовски направи пенал во својот шеснаесетник. Нојер го одбрани ударот на Алексис Санчез, а топката повторно се одби до Чилеанецот кој успеа да ја затресе неговата мрежа.

Во вториот дел, проработе баварската машина. Роберт Левандовски донесе водство од 2-1, а потоа два гола постигна Тијаго Алкантара. Во зваршницата и Томас Милер се запиша меѓу стрелците и речиси ги откажа „топчиите“ пред реваншот што ќе се одигра на „Емирати“.

All Goals & highlights HD – Bayern Munich 5-1… by footballderby

Се вчитува...