Базел малку стравуваше, но Федерер со пресврт успеа да дојде до полуфинале

Вториот тенисер во светот, Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во неговиот Базел откако со пресврт стигна до триумф против Французинот Адријано Манарино.

Домашната публика во Базел малку стравуваше од можна елиминација на својот миленик откако Федерер го загуби првиот сет со 4-6.

Но, се потоа беше лесна доминација на Швајцарецот на теренот кој ги доби следните два сета со 6-1,6-3 за место во полуфиналето.

Се вчитува...