Базел не е дораснат ривал за Манчестер сити

Манчестер сити слободно може да биде оквалификуван како прв четвртфиналист во Лигата на шампионите откако „граѓаните“ вечерва со импресивна партија на гостински терен го декласираа Базел со 0-4.

Фаворитската улога несекогаш е лесна за оправдување, но избраниците на Пеп Гвардиола вечерва тоа го сторија со стил, доминирајќи цели 90 минути и правејќи го реваншот обична рутина на патот до следната рунда. Сите дилеми беа разрешени уште во првото полувреме, во кое „граѓаните“ поведоа со 0-3, откако Гундоган ја отвори серијата голови, а се надоврзаа Бернардо Силва и Агуеро.

На 0-4 во второто полувреме зголеми Гундоган со својот втор погодок, а убедливата предност му овозможи на Гвардиола да одмори дел од своите клучни играчи за претстојните предизвици што го очекуваат Сити.

Се вчитува...