Баже најави дека ќе има „бомби“ во Чаир, но и изненадување на крајот од сезоната

Интересен дијалог имаа спонзорот на Шкупи, Шефкет Демири и најновото засилување на чаирчани Баже Илојоски.

Од Шкупи очекуваат од најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал да има уште многу „бомби“ во противничките мрежа оваа пролет. Баже Илијоски вети дека ќе се потруди уште многу голови сезонава…

„Секако дека посакувам многу погодоци за Шкупи. Создаваме тим кој верувам дека ќе донесе многу позитивни резултати на радост на сите навивачи. Колку повеќе „бомби“ во противничките мрежи толку подобро“ – рече Илијоски.

На него се надоврза спонзорот Демири истакнувајќи дека Илијоски им ветил нешто многу значајно, но тоа ќе го соопштат на крајот од сезоната како изненадување…

„Илијоски за сезонава ни вети нешто, но тоа нема да го соопштуваме сега. Ќе го кажеме на крајот од сезоната“ – рече Демири.

Се вчитува...