Бедемот на Тетекс попушти во последните 15 минути пред „Пандевци“... (видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/02/2017 19:03
Ракомет
26/02/2017 17:02
Фудбал
26/02/2017 16:24
Фудбал
26/02/2017 15:59

Бедемот на Тетекс попушти во последните 15 минути пред „Пандевци“… (видео)

Бедемот на Тетекс попушти во последните 15 минути пред „Пандевци“… (видео)

Тетекс имаше убава можност да извлече реми со лидерот во второлигашката конкуренција, екипата на Академија Пандев во 13. коло од Втората македонска фудбалска лига, но само поради сопствени грешки во одбраната дозволија поквалитетните гости на крајот и со убедливи 0-3 да си заминат од Тетово.

„Штофот“ на Тетекс попушти во последните 15 минути, кога се дозволи „Пандевци“ од два прекини да дојдат до предност од 0-2 по која се знаеше кој ќе ги однесе бодовите. Најпрво во 76. минута погоди Зоран Балдовалиев по киксот на домашниот голман…

Во 81. минута веќе беше 0-2, откако Кристијан Трапановски реализираше повторно по една смешна реакција на домашниот голман. Претходно и домашните имаа одличен обид од слободен удар, кој заврши сантиметри покрај левиот дирек од голот на струмичани.

Во последните секунди од средбата, по еден брз контранапад Зоран Балдовалиев ги постави конечните 0-3.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.