Бејл ќе заигра после 62 дена пауза

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, утре ќе заигра по 62 дена откако се повреди на мечот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. „Кралевите“ ќе се сретнат со нисколигашот Фуенлабрада на „Сантијаго Бернабеу“ како реванш натпреварот од купот на Шпанија.

Заедно со Бејл, на теренот ќе се врати и Кејлор Навас, кој ќе заигра по месец и пол пауза поради повреда, а тренерот Зидан се надева дека Велшанецот ќе издржи цели 90 минути.

 „Не знам колку ќе игра, но се надевам дека ќе издржи 90 минути“, малку и на шега, изјави Зидан.

Се вчитува...