Бејл полуде и го остави Реал на цедило (видео)

Герет Бејл е трагичарот на Реал Мадрид на дуелот со Лас Палмас откако велшкиот ас загуби глава на самиот почеток од второто полувреме и сосема заслужено заработи црвен картон. Се играше 47. минута кога тој одзади фаулираше еден гостински играч и заслужено доби жолт картон, но Бејл делуваше пренервозно, па во препирката со ривалот силно го турна на тревата.

Сето ова се случуваше пред очите на судијата, кој немаше друг избор освен да го испрати Бејл кон соблекувалните. Во тој момент резултатот беше 1-1, а Лас Палмас во следните десетина минути ја искористи предноста од играч повеќе и постигна два гола за удобна предност од 1-3 на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова е само втор црвен картон во кариерата на Герет Бејл, прв по пауза од девет години откако во 2008 година беше исклучен на натпреварот меѓу Тотенхем и Стоук.

Bale crveni karton by goloviliga

Се вчитува...