Бејл се врати на тренинзите на Реал, во трка да биде „фит“ за финалето со Јуве

Велшкиот интернационалец Герет Бејл се врати на тренинзите на Реал Мадрид, токму навреме за да се подготви за настап во финалето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ на 3 јуни во Кардиф ќе го играат второто последвателно финале во ЛШ, а брзината на Бејл секако би била добредојдена во дуелот со цврстата одбрана на „старата дама“.

Бејл ја надмина повредата, но во наредните неколку дена ќе треба да работи на подобрување на физичката издржливост, за да може да го положи последниот испит кај тренерот Зинедин Зидан пред големото финале Тој го пропушти финишот на сезоната во Примера, а неговото место го зазеде Иско Аларкон и прикажа фантастични игри. Сега Бејл ќе треба добро да се потруди за да го убеди Зидан повторно да го врати во првиот состав.

Се вчитува...