Бекам и спаси живот на старица во Лондон… (ФОТО)

Животот на англиската фудбалска легенда Дејвид Бека отсекогаш бил во фокусот на вниманието на светската јавност.

Откако се појави на фудбалската сцена, покрај на терен секогаш е препознатлив и по животот надвор од него. Сега се најде на страниците од англиските медиуми, откако и помогна на старица во главниот град на Англија. Старицата паднала на раскрсница во Лондон, а кога Бекам видел дека беспомошно лежи запрел со својот автомобил, го блокирал сообраќајот и повикал Брза помош.

Се додека не пристигнала Брзата помош, Бекам седел со старица, па дури откако се се завршило заминал од местото… Интересно е дека останатите минувачи во Лондон ниту најмалку не се потрудиле околу старицата, но откако го видели Дејвид Бекам во една таква ситуација главно почнале да фотографираат.

Се вчитува...