Беласица на патот кон Првата лига засилена со „Македонски Телеком“

Лидерот во Втората лига – Исток, ФК Беласица денеска го официјализираше договорот со Македонски Телеком кој во 2018 година ќе биде генерален спонзор на струмичани.

„Спонзорството помеѓу една од најголемите компании во нашата земја и нашиот клуб дојде како резултат на добрата работа во ФК Беласица и одличните резултати на клубот. Брендот на Македонски Телеком е веќе поставен на спортската опрема на клубот, на дресот, хотелските тренерки како и на јакните. Исто така и на стадионот „Младост“ ќе биде поставено логото на компанијата. Се надеваме дека оваа соработка нема да застане по истекувањето на договорот, туку ќе продолжи и во наредните години“ – информираат од ФК Беласица.

Се вчитува...