Беласица не се израдува до крај: Брегалница и „украде“ бод во Струмица!

Струмичка Беласица не успеа да се израдува до крај во дерби пресметката од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига – Исток, ремизирајќи (1-1) пред своите навивачи на стадионот „Младост“ во Струмица со штипска Брегалница.

Во интересен натпревар, Беласица имаше предност од 28. минута со голот на Даниел Радојчиќ, но гостите преку Ристе Темелков израмнија во 56. минута, за значаен бод против директниот конкурент за лидерската позиција во второлигашката конкуренција на Истокот.

По ова реми Беласица остана на врвот со 17 бода (пет победи и две ремија, ако се исклучи оној триумф против Хоризонт Турново кој е исфрлен од лигата), додека Брегалница е на второто место со 15 бода.

Се вчитува...