Беласица против Саса првпат ги „тестираше“ новите засилувања (ФОТО)

Лидерот во Втората лига – Исток, струмичка Беласица денеска го одигра првиот свој пријателски натпревар по стартот на зимските подготовки, ремизирајќи во Струмица со Каменица Саса (1-1).

Стрелец на единствениот гол за Беласица на тестот беше Никола Божинов.

За струмичани ова беше и прва можност за тест на дел од петте нови фудбалери кои ќе бидат засилување за тимот за пролетниот дел од шампионатот, а кои беа промовирани со стартот на подготовките.

Беласица во пролетната полусезона ќе биде освежена со досегашниот капитен на штипска Брегалница, Горан Здравков. Од Брегалница пристапија уште дефанзивецот Александар Василев како и Томе Јанев, а нови фудбалери се 37-годишниот голман Горан Пашовски како и 20-годишниот Мартин Мирчевски.

Се вчитува...