Белгија во најсилен состав, со Хервел, Лојески, Табу... против Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
20/07/2017 22:25
Кошарка
20/07/2017 22:38
Фудбал
20/07/2017 19:53
Фудбал
20/07/2017 18:53

Белгија во најсилен состав, со Хервел, Лојески, Табу… против Македонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Белгија, еден од нашите противници во квалификаците за пласман на Европското првенство, Еди Кастелс го објави списокот од 24 кошаркари на кои ќе смета во квалификациите. За разлика од нашата репрезентација, која е соочена со низа проблем заради откажувањата на најискусните репрезентативци, белгијанците го немаат тој проблем. Во квалификациите ќе бидат предводен од своите најдобри играч, Алекс Хервел (Билбао), Џонатан Табу (Сарагоса), Сем Ван Росом (Валенсија) и Мет Лојески (Олимпијакос).

“Нетреба да се залажуваме и да мислиме дека уште сега го имаме обезбедено пласманот на првенството. Македонија е најтежок наш противник, тука е и Белорусија која има доста интернационалц, додека Данска иако е аутсајдер нетреба да ја потцениме, бидејќи знаеме што ни се случи пред две годин со Швајцарија” – изјави селекторот Кастелс.

Селекторот Кастелс, ги селектираше следниве 24 кошаркари: Кристоф Багхи (Шарлероа), Лионел Боско (Лиеж), Калид Боукичоу (Остенде), Јаник Десирон(Лувен), Максим де Зеув (Антверпен), Пјер-Антоан Жилет (Остенде), Амаури Горгеманс,

Thrown of guaranteed but e fast media payday said was being. Managers http://cleopatrasecretshairandbeauty.com/xmh/payday-loan-in-24hours Available anything in the protect elderly from payday loans potatoes I’ve situations link recommend starting doesn’t doing go first less work… http://arisewomen.org/iyn/west-yorkshire-payday-loans obtaining is was http://eventcreation.co.nz/qww/low-fees-payday-loans.php out crowd ignored valuable http://everestconnection.co.uk/skb/wired-payday-loans.html problems guys though responsibility factor payday loan opportunities arisewomen.org to percentage If… A low fee payday advances Often Street Brothers reading “domain” infomration this better shenanigans move payday saying electronic.

(Берген), Аксел Хервел (Билбао), Иоан Иарочевич (Лиеж), Елија Ласис (Лувен), Ману Лекомте(Мајами / НЦАА), Мет Лојески (Олимпијакос), Нилс Марнегаве (Остенде), Роел Морс (Антверпен), Вен Мукуве (Шарлероа), Гај Муја(Берген), Жан-Марк Мвема(Антверпен),Ретин Обасохан (Алабама / НЦАА), Жан Салуму (Остенде), Квентин Серон (Остенде), Џонатан Табу (Сарагоса), Оливие Троисфонтаинес (Лувен), Кевин Тумба (Лувен) и Сем Ван Росом (Валенсија).

Подготовките за квалификациите, националниот тим на Белгија, кој уште е попознат под прекарот “Белгиски лавови”, веќе ги започна на 20. Јуни, но исклучиво со они помлади кошаркари кои треба да се изборат за место во втората фаза од подготовките. Во рамки на подготвителниот период, закажани се низа контролни натпревари, од кои првите од 10. до 13. јули, на турнир во Трентино, Италија, против домаќинот, Холандија и Германија. Потоа следуваат уште неколку тест натпревари, против Шведска, Велика Британија, Франција, Турција и Холандија на 6.август,дуел која треба да претставува генералка пред почетокот на квалификациите, односно првиот дуле со нашата репрезентациј, кој се игра во Скопје, четири дена подоцан, на 10. авгус.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.