Белица и Рамадани потпишаа за Партизани Тирана

Довчерашниот фудбалер на Ренова, Емран Рамадани и поранешниот фудбалер на Работнички, Егзон Белица својата фудбалска кариера ја продолжуваат во албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

27-годишниот централен дефанзивец, Егзон Белица денеска и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Партизани, потпишувајќи договор со јуни 2019 година. Белица во минатото во домашниот шампионат има настапи за Работнички, Охрид и Шкендија, а бил дел и од летонска Рига како и финскиот прволигаш Интер Турку. Сега како слободен фудбалер се сели во Тирана.

Наредниве денови се очекува официјалната промоција и на 25-годишниот крилен напаѓач Емран Рамадани кој веќе се договори со клубот од Тирана. Рамадани во својата кариера има настапи за српскиот Хајдук Кула, како и за тетовска Шкендија. Изминативе четири години го носеше дресот на Ренова.

Се вчитува...