Белорусинката Илина, ново име во ЖРК Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Белорусинката Илина, ново име во ЖРК Вардар

Белорусинката Илина, ново име во ЖРК Вардар

ЖРК Вардар на еден ден пред почетокот на подготовките за новата сезона успеа да доведе уште едно ново име во своите редови. Станува збор за Дијана Илина, среден бек на белорусиката репрезентација која доаѓа од редовите на шампионот на оваа земја, тимот на Гомељ.

Илина првиот дел од ланската сезона го мина во рускиот прволигаш Астраханочка, по што се врати во Гомељ и се наметна како еден од лидерите на белорускиот првак.

Со трансферот во Вардар сакам да преминам на нов стил во играта. За ваква понуда и трансфер, да бидеш во друштво на вакви играчи како што сега има Вардар е сон на секого. Многу сум среќна поради ваквата промена во мојата кариера. Очекувам многу добри работи во иднина во мојата игра и развој како играч. Сакам да преминам на повисоко ниво и да го почувствувам овој квалитет на играта. Ќе се трудам да дадам максимум во сето тоа“, изјави Илина за официјалната веб-страница на ЖРК Вардар.

Белорусинката е петтото засилување за „вардарки“ за новата сезона, откако претходно беа потпишани договори и со крилата Камила Херем и Тамара Мавсар, голманот Мајса Песоа и со десниот бек Александра Лакрабере.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.