Бен Арфа се враќа во Премиер – лигата како засилување за Лестер?

Францускиот интернационалец Хатем Бен Арфа е на добар пат да го напушти Пари Сен Жермен и да ја оживее повторно својата кариера. Тој се најавува како едно од можните засилувања за англискиот премиерлигаш Лестер, а треба да пристигне во зимскиот преоден рок како позајмен играч.

Бен Арфа воопшто не добива шанса во тимот на ПСЖ, беше префрлен и во Б-тимот на „светците“, па јасно е дека би го прифатил секој друг предизвик, кој ќе му понуди одредена минутажа. Лестер доби нов менаџер, Французинот Клод Пуел, и токму тој ќе се обиде да го ангажира Хатем Бен Арфа во јануари. Тој би бил големо засилување за навалната линија, посебно ако се знае дека Џејми Варди и Ријад Марез не се во најдобра форма.

Хатем Бен Арфа пет години го носеше дресот на Њукасл, а потоа мина одреден период и во Хал сити. Сега би можел повторно да се врати во Премиер – лигата, во дресот на Лестер.

Се вчитува...