Берарди, сепак, ќе заигра за Интер, клубот од детството

Иако претседателот на Сасуоло инсистираше дека нивниот најдобар играч нема да го облече дресот на Интер, сепак трансферот на Берарди на „Џузепе Меаца“ би можел да се случи уште летово. Сасуоло има турбулентна сезона, тешко доаѓаат до позитивни резултати, а сето тоа резултира со незадоволство кај играчите. Токму поради тоа, клубот е приморан да го продаде нивниот најдобар играч и да започнат со реконструкција на тимот.

Јувентус ја има првата опција за Берарди, но „бјанконерите“ не делуваат заинтересирано, како и самиот напаѓач, кој од Јуве бара гаранции дека ќе биде стандарден првотимец. Италијанецот сонува за преселба во Интер од мали нозе, познато е дека навива за тимот од Милано, тоа се знаеше додека беше поврзуван со трансфер во Јувентус пред некоја година.

Сасуоло бара 40 милиони евра, но Интер се надева дека ќе го доведе за 30 милиони, исто колку што понудија и за Бернардески од Фиорентина.

Се вчитува...