„Берберот“ Перо Антиќ го потстрижа Датоме (видео+фото)

Џиџи Датоме во заедничко интервју со Перо Антиќ пред овој фајналфор најави дека ќе го промени имиџот (ишиша долгата коса) доколку Фенербахче стана европски првак.

Турскиот гигант успеа во целта, а Антиќ не заборави што вети неговиот соиграч. Така, за време на вечерашното славје во салата во Истанбул македонскиот ас ги зеде ножиците во раце и се испроба и како „бербер“. Не беше лесно, поради густата коса на Италијанецот, но Антиќ на крајот успеа, кревајќи го „трофејот“ на воодушевување на сите присутни во близина.

Се вчитува...