Бериша се врати во Шкупи

Некогашниот дефанзивец на Шкупи, Седат Бериша денеска повторно се приклучи кон овој клуб од Чаир. Тој го раскина договорот со кувајтскиот тим Јахра и реши повторно да го облече дресот на тимот на Ардијан Нухиу.Прволигашот се соочуваше со низа проблеми во текот на првата полусезона и слабите финансии направија клубот да застане на седмата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 16 бода.Искуството на Бериша ќе биде од големо значење за Шкупи, затоа што тој во кариерата го носеше дресот на Шкендија, Металург и Бурсаспор, а ќе остане во Шкупи во крајот на оваа сезона.

Се вчитува...