Берлускони исклучува можност за враќање во фудбалот

Поранешниот сопственик на Милан, контроверзниот политичар и бизнисмен Силвио Берлускони ја исклучи можноста за купување на некој друг фудбалски клуб.

Берлускони беше сопственик на Милан 21 година пред да се одлучи да го продаде на групација кинески инвеститори. Поранешниот премиер разговараше со италијанските медиуми од можноста да стане сопственик на некој друг фудбалски клуб, но сето тоа категорично го исклучува…

„Тоа е навистина примамлива идеја. Го продадов Милан, кој беше дел од моето срце, затоа што веќе беа неопходни огромни инвестиции доколку сакате да бидете успешен во фудбалот“ – вели Берлускони и продолжува:

„Беше тоа болна, тешка одлука, но неопходна… Се надевам дека со тоа овозможивме Милан повторно да биде конкурентен. Секоја недела ќе навивам за Милан, и за друг клуб воопшто не размислувам“.

Се вчитува...