Бесар Исени: Среќен сум што постигнав гол на мојот прв меч за Вардар

Шампионот Вардар во првиот контролен натпревар го совлада австрискиот прволигаш Адмира со 2-0 на стартот од подготовките во Австрија.

Одлично деби за „црвено-црните“ имаше најновото засилување, 20-годишниот Бесар Исени кој се запиша и во листата на стрелците на вчерашниот дуел.

„Секако дека сум среќен што добив шанса да настапам во првиот состав на Вардар. Уште посреќен што успеав на мојот прв натпревар да постигнам и гол, а најсреќен поради тоа што успеавме да оствариме победа. Чувството е прекрасно кога ќе се даде гол на деби, и сакам да се заблагодарам на стручниот штаб и на моите соиграчи за поддршката. Што се однесува до натпреварот, игравме против еден навистина цврст и добар противник. Сепак, сметам дека имавме повеќе од играта и од шансите и заслужено победивме. Сега ни останува уште да работиме на овие подготовки, да се подготвиме уште подобро за она што следува. А, јас посакувам да има уште голови и уште победи во дресот на Вардар“ – вели Исени за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...