Без Бабунски и Илиев, се враќаат Хасани и Адеми за дуелите со Италија и Лихтенштајн!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го соопшти списокот на репрезентативци за последните два квалификациски натпревари за СП 2018, против Италија во Торино на 6. октомври и против Лихтенштајн на 9. октомври во Струмица.

Во однос на претходниот репрезентативен собир, и дуелите со Израел и со Албанија, на списокот на Ангеловски ги нема фудбалерот од средниот ред Давид Бабунски, кој не добива минутажа изминатиов период во јапонската Јокохама, како и младиот голман на Арсенал, Дени Илиев. Ќе го нема и Мите Цикарски, кој во септември доби дополнителен повик.

Но, затоа во репрезентацијата се враќа Ферхан Хасани, кој претходно отсуствуваше поради повреда, а по две години пауза се враќа и Аријан Адеми. По суспензијата поради допинг, Адеми добива право за настап од 7. октомври, поради што нема да може да настапи на дуелот против Италија во Торино, но ќе биде на располагање за средбата со Лихтенштајн во Струмица.

СПИСОКОТ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ СО ИТАЛИЈА И СО ЛИХТЕНШТАЈН

spisok

Се вчитува...