Без Кире Ристевски против Италија во Торино

Македонската репрезентација на следниот квалификациски натпревар против Италија, кој на 6. октомври го играме на Олимпискиот стадион во Торино, ќе биде единствено без дефанзивецот Кире Ристевски.

Од пет фудбалери на кои им се закануваше суспензија поради жолти картони, Ристевски, Пандев, Барди, Несторовски и Спировски, единствено Кире Ристевски на вчерашниот дуел со Албанија во Струмица заработи втор жолт картон, па сега ќе мора да паузира на следниот натпревар.

Во селекцијата се враќа Елиф Елмас, кој ги „одлежа“ парните жолти картони со неиграњето на синоќешниот меч со албанската репрезентација.

Се вчитува...