Без победник во „македонското“ дерби во Романија

Двете романски екипи во кои настапуваат тројца македонски репрезентативци, Констанца и ЧСМ Букурешт, одиграа нерешено 23-23 во дуелот од 15.коло во првенството на Романија.

Во составот на Констанца, Никола Митревски имаше уште една извонредна партија со 18 одбрани, а Велко Марковски вообичаено беше задолжен за одбранбените задачи. Во гостинскиот тим, Гоце Георгиевски постигна три гола.

Во другите денешни натпревари во романскиот шампионат, Златко Даскаловски со тимот на Темишвар славеше гостинска победа против Васлуи (28-35).

Горан Кузманоски беше стрелец на еден погодок во победата на Одорхеи против Турда (27-23).

По 15.коло, Темишвар е на второто мести на табелата со 32 бода, два помалку од Стеауа. Одорхеи има ист број бодови на третото место, а Констанца и ЧСМ Букурешт се на петтото и на шестото место со 30 и со 28 бода.

Се вчитува...