Без Тасовски против Естонците во Талин

Македонската кошаркарска репрезентација најверојатно ќе биде без Димче Тасовски во одлучувачкиот за нас натпревар за продолжување во европските квалификации против Естонија во среда (16. август) во Талин.

Тасовски заработи удар во потколеницата во последната четвртина од вечерашниот дуел против Косово, повреда која, според првичниот впечаток, е од посериозен карактер.

IMG_8517

IMG_8526

Во текот на утрешниот ден за Тасовски ќе следат детални лекарски прегледи по што ќе биде утврдена тежината на повредата, но според првичните информации од стручниот штаб на нашата репрезентација тешко дека ќе може да се смета на неговите услуги во Естонија.

Се вчитува...