Милан во Неапол беше очаен… како Беневенто

Избраниците на Винчензо Монтела вчера ја почувствуваа моќта на Наполи на „Сан Паоло“, во поразот од 2-1 остварија негативен рекорд кој досега само беше забележан на првенствен натпревар на новиот калчолигаш Беневенто.

Милан е само вториот тим во Серија А кој не успеал ниту еднаш да ја допре топката во противничкиот шестнаесетник во целото прво полувреме. Екипата на Беневенто го оствари овој податок во поразите токму од Наполи (6-0) и Јувентус (2-1).

Полека, но сигурно времето на Монтела како тренер на „росонерите“ истекува, но додека се уште е предводник ќе мора да направи драстични промени во своите напаѓачки планови за да избегнат уште една ваква бламажа.

23781945_10214995889513301_1715832530_n

Се вчитува...