БИБЛ не е инспирација на Карпош соколи

Карпош соколи игра одлично во последно време во АБА-лигата, но тоа дефинитивно се одразува врз мотивацијата на македонскиот прволигаш кога настапува во послабото по квалитет БИБЛ натпреварување. Доказ за тоа е и денешниот дуел на гостувањето во Црна Гора против Теодо, на кој „соколите“ загубија со убедливи 98-81, втор пораз за тимот на Драган Николиќ во низа во рамките од оваа регионална лига.

„Соколите“ беа подобар противник само во првиот дел од стартната четвртина, кога имаа предност од 15-22, но сепак го загубија овој дел од мечот со минимални 23-22. Вторите десет минути исто така минаа во израмнета игра, па Теодо замина на одмор со минимални 44-41, за Црногорците да „експлодираат“ во третата четвртина, добивајќи ја со убедливи 31-18, воедно и решавајќи го прашањето на победникот на овој натпревар.

Филип Шепа со 22 поени беше најефикасен кај Карпош соколи, пред Лабовиќ со 14 и Бојан Трајковски со 12 поени.

Се вчитува...