Билети од 150 до 600 денари: Вардар ги пушти во продажба влезниците за четвртфинале

Раководството на Вардар од денеска ги пушти во продажба билетите за четвртфиналето од Лигата на шампионите, како во машка, така и во женска конкуренција. Цената на влезниците ќе се движи од 150 денари (зад головите, за женскиот тим) до максимални 600 денари (блок А за машката екипа).

Тимот на ЖРК Вардар во четвртфиналето за противник ќе го има данскиот Митјиланд, додека машкиот тим за место на фјаналфор турнирот ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Фленсбург и Мешков Брест (германскиот тим славеше на првиот меч во Белорусија со еден гол разлика).

Како што објавија„црвено-црните“ на својата официјална веб-страница, продажбата на билети за четврт-финалето на ЛШ ќе се врши преку мрежата на www.ticketplus.mk, или на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Цени на билети:

РК ВардарА блок – 600 денариЦентрални – 500 денариПозади гол – 400 денариСтоење – 200 денари

ЖРК ВардарА блок – 300 денариЦентрални – 200 денариПозади гол – 150 денари

Се вчитува...