Билетите за дербито ПАО – Олимпијакос распродадени 18 дена порано

Големото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос во рамките од 24. коло во Евролигата е распродадено три недели, или 18 дена пред почетокот на самата пресметка. Од таборот на ПАО ги потврдија овие информации заблагорадувајќи се на поддршката за клубот, кој во последно време се заканува со напуштање на најелитното европско клупско натпреварување.

„Предвремената распродажба на билетите за мечот против Олимпијакос ја потврдува лојалноста, љубовта и вербата на навивачите кон овој клуб. Ние сме благодарни за огромната поддршка и се надеваме дека нема да ги разочараме сите кои со нетрпение го чекаат овој дуел“, пишува во соопштението на ПАО.

Тоа значи дека на 2. март во арената „Никос Галис“, 19.000 грла ќе го бодрат својот клуб да оствари нова победа над лутиот ривал, кој во првата меѓусебна пресметка претрпе пораз со резултат од 70-62 од Гист и компанија.

Панатинаикос по 22 натпревари во Евролигата се наоѓаат на четвртата позиција со скор од 14-8, додека Олимпијакос се втори со подобар учинок од 15-7.

Се вчитува...