Билетите за натпреварите на сениорите и младите, по 100 денари, веќе во продажба

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за натпреварите на сениорската и младата репрезентација кои не очекуваат овој месец, а натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Норвешка (11. ноември) и квалификациската пресметка Македонија – Австрија  (14. ноември) за репрезентации до 21 година.

Сениорите на 11. ноември на националната арена „Филип Втори“ од 18:30 часот ги очекува пријателскиот дуел со Норвешка. Како што информираат од ФФМ, цената на билетите за Јужната трибина, Блок 1, 2, 5 и 6 се по 100 денари, додека за Блок 3 и 4 по 150 денари.

Билетите, пак, за дуелот на младата репрезентација на Македонија против Австрија кој се игра на 14. ноември од 13 часот, се по цена од 100 денари за Јужната трибина.

Билетите и за двата натпревари може да се купат преку продажната мрежа на mktickets.

Се вчитува...