Билетите за СЕХА во продажба: Цел Ф4 викенд за 200 до 300 денари

Од денеска и официјално се пуштаат во продажба блок-билетите за претстојниот фајналфор турнир од СЕХА-лигата, што ќе се одржи од 13 до 15 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Како што информираат од РК Вардар, во пeриодот од 22 март до 1 април 2018 година ќе се продаваат блок-билети за двата натпреварувачки денови по цена од 200 до 300 денари. Воедно, „вардарци“ појаснуваат дека сезонските билети издадени од клубот пред почетокот на сезоната не важат за овој Ф4, бидејќи Вардар е само технички соорганизатор на настанот.

Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.

Ракометарите на Вардар го бранат трофејот освоен лани, воедно и сезонава се главни фаворити за титулата. Во полуфиналето тие ќе се сретнат со Брест Мешков, додека во вториот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат Загреб и Целје.

 

Цени на блок билети за 13.04 – 15.04:

Блок – 13,14 – 300 денари
Блок – А5, А6 – 300 денари,
Блок – А1, А4 – 200 денари

Се вчитува...